Условите за лекување се многу подобри дома


Фото: Б. Грданоски
Условите за лекување на заболените од Ковид 19, а се со лесна слика, се многу подобри дома, отколку да се стават во државен карантин, одговори министерот Венко Филипче на новинарско прашање.
Тој појасни дека моделот за домашно лекување го презеле од Германија и е соодветен на нашите услови.
Филипче рече дека матичните лекари им  се јавуваат на пациентите два до три пати дневно и се информираат за нивната состојба, а ако има потреба навремено се реагира.