Уште пет полицајци заразени од корона вирусот


Нови пет случаи на заразени полицајци со корона вирус се регистрирани во МВР, со
што, вкупниот број на припадници на Mинистерството кои се заразени од вирусот
се искачува на 27 случаи. Според информациите, станува збор за службеници кои работат во граничната полиција, односно ја обезбедуваат јужната граница.

Во изолација се 56 припадници на МВР поради претходен директен контакт со
заразени колеги. Епидемиолошките анкети ќе треба да покажат кој е нултиот пациент
од кого почнала да се шири заразата. Новите пет заболени во МВР, се
дијагностицираат по две недели откако позитивен тест за корона вирус имаа седум
вработени во Единицата за брзо распоредување, кои престојуваа во Охрид
поради работни активности. Тогаш, во изолација беа ставени 39 лица кои имале
контакт со нив.