Уште не сте ја виделе кометата А3? Астрономското друштво ве кани пред Кале да ја набљудувате заедно
Попладнево, организирано кај Кале во Скопје, Скопското астрономско друштво, организира набљудување на кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS.
По пауза од неколку дена, кометата повторно е видлива на западното небо пред и по зајдисонце, а од друштвото препорачуваат да понесете двоглед за подобро да ја видите кометата која последен пат била видлива на небвото во времето на неандерталците. Потоа повторно ќе замине на долг пат низ вселената, а никој од нас повторно нема да ја види.
За да не ја пропуштите оваа единствена во животот, можност, појдете вечер кај скопското Кале и посведочете на еден неверојатен момент.
– Скопското астрономско друштво ве кани да дојдете на паркингот пред Кале во вторник, 22.10.2024 година на јавно набљудување на кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS. Набљудувањето на кометата ќе започне во 18:30 часот и ќе заврши околу 20:30 часот.
Совет:
Ако имате двоглед, земете ги со вас.
Ако сакате да фотографирате, понесете ја вашата камера,
Облечете се топло бидејќи ноќите стануваат постудени – советуваат од Скопското астрономско друштво.