Уште едно во низата бизарни парчиња: Баленсијага продава белезица што личи на селотејп


Balenciaga има ново бизарно парче накит, сега продаваат белезица која изгледа како лента селотејп што може да се најде на интернет за 3.300 долари.

Нараквицата како ремен беше претставена за време на ревијата на колекцијата Зима 2024 на Balenciaga на почетокот на март, но таа остана незабележана од пошироката јавност.

Сепак, најновиот бизарен моден додаток на Balenciaga стана тема на разговор откако беше објавено видео на TikTok профилот на Highsnobiety кое го прикажува изгледот.

„Дали би го носеле ова?“, прашуваат, а овој моден додаток предизвика бројни реакции.

@highsnobiety

Would you wear this? 🤨 #balenciaga

♬ Imperfect Island – DJ BAI

 

Во коментарите, многумина се согласија дека ова е социјален експеримент: „Баленсијага е социјален експеримент кој продава бесмислени работи на богати луѓе“, „Мора да се шегуваш“, „Татко ми го направи ова додека ја бојадиса куќата, можеби и тој е толку модерен“, „дизајнерите на Баленсијага ви се смеат во лице“.
Ова е само едно од низата бизарни парчиња облека и обувки кои ги претстави Balenciaga, а кои претходно го привлекоа вниманието со седумслојна јакна, однапред уништени патики, кожна кеса за ѓубре, крокови со штикли итн.

Последно во низата беше здолништето кое изгледа како обичен пешкир обвиткан околу половината, а цената на ова необично парче облека е 925 долари (околу 853 евра).