Уште едно масовно отпуштање: 6.000 луѓе ќе останат без работа во „Филипс“


Холандската групација „Филипс“ објави дека до 2025 година ќе укине 6.000 работни места.

Оваа одлука доаѓа по губитоците поврзани со повлекување на респираторите кои служеа за отстранување на тешкотиите на лицата со отежнато дишење за време на спиење.

Новото намалување на работната сила, оценето е како „тешко но потребно“, се додава на укинувањето на 4.000 работници што „Филипс“ го најави во октомври, рече генералниот дирекор на компанијата Рој Јакобс.

Половина од најавените укинувања на работните места ќе бидат оваа година, а другата половина ќе се реализира до 2-25 година, наведува компанијата.

Компанијата се обидува да се избори со повлекувањето на респиратори користени при слип апнеа и стравувањето дека пената која се користи во тие уреди може да стане токсична. Поради тие повлекувања, пазарната вреднот падна 70 отсто.