Уште една жртва на Ковид-19 во Грција, четворица новозаразени

Во Грција во последните 24 часа од Ковид-19 почина еден човек, а уште четворица се заразија со болеста.
Од почетокот на пандемијата во Грција бројот на заразени изнесува 2.882, од кои 627 Ковид-19 го добија во текот на патување во странство, а 1.640 се заразени во Грција, пренесе АНА:
Во болница се само 18 пациенти, просечно стари 69 години, од кои пет се жени.
Повеќето од нив имаат и други заболувања или се постари од 70 години.
Од одделението за интензивна нега отпуштени се 101 пациент.
Во Грција од Ковид-19 до сега починаа 172, од кои 51 се жени.
Нивната просечна старост е 76 години, а дури 94,8 отсто имале и други заболувања.
Вкупно во Грција до сега се тестирани 155.037 луѓе.