Уште една заложничка драма во Украина


 

Во Полтава во Украина маж зеде полициски полковник за заложник и се закани дека ќе активира граната.

Инцидентот се случил пред зградата на управниот суд, откако полицијата се обиде да го приведе мажот поради кражба на автомобил.

Полицијата соопшти дека во текот на апсењето киднаперот извадил граната и се заканувал дека ќе ја активира.

Ситуацијата дополнително се искомплицирала откако зел полицаец за заложник.

по преговори, киданперот го пуштил полицаецот во замена за шефот на одделението, полковникот Виталија Шијан.

Мажот потоа побарал возило и со него, заедно со полковникот се упатил кон излезот од градот.

РИА Новости наведуваат дека сега се движат кон Киев, а ги следат припадници на полицијата.

Според прелиминарните информации, мажот од порано е осудуван и сега инсистира на избегнување кривична одговорност.

Во друг украински град само еден ден порано исто така се случи заложничка криза, кога вооружен маж зеде заложници патници во автобус и се закануваше дека ќе активира експлозив. Драмата среќно заврши, а никој не беше повреден.