Уште една смрт во семејството Гети. Внукот на милијардерот пронајден мртов во хотелска соба
САД- Џон Гилберт Гети, внук на милијардерот- нафтен тајкун Џ. Пол Гети, е пронајден мртов во хотелска соба во Сан Антонио, Тексас.
Смртта на 52-годишниот композитор, кој беше наследник на богатство од 5 милијарди долари, е последната трагедија што ја претрпе семејството Гети чијашто историја е обележана со наркоманија, таблоидни скандали, правни спорови, киднапирање и неколку предвремени смртни случаи.
Нејасно е како г-дин Гети почина. Аутопсијата ќе ги открие причините.
Смртта на внукот, која имаше 25-годишна ќерка, ја објави портпаролот на семејството.
„Со тешко срце, Гордон Гети ја објавува смртта на неговиот син Џон Гилберт Гети“, се вели во соопштението.
„Џон ја остави зад себе својата ќерка Ајви Гети, која ја сакаше неизмерно и неговите браќа Питер и Били.
„Неговиот брат, Ендру, го претекна Џон. Мајката на Џон, Ен Гилберт Гети, почина овој септември.
Ќерката Ајви објави искрена почит кон нејзиниот татко на Инстаграм. „Татко ми беше одличен – најкул човек што некогаш слетал на оваа планета и јас засекогаш ќе бидам најгордата ќерка.
“Толку многу те сакам тато. Животот понекогаш е суров. Сега не ме гледа еден, туку два ангела чувари”.
Џ. Пол Гети, нафтен барон, кој беше познат како најбогатиот човек на светот, почина во 1976 година.
По низата несреќи што ги претрпе семејството се зборуваше за проклетството на Гети, а голем број потомци умираа млади.
Во април 2015 година, братот на Џон Гети, Ендру, беше пронајден мртов во неговата палата во Холивуд, на возраст од 47 години. Според извештајот на патологот, тој претрпел голема гастроинтестинална хеморагија и имал токсично ниво на метамфетамин во неговиот систем.
Тимоти Гети, чичко на Џон Гилберт и син на Џ. Пол Гети, имал само 12 години кога починал од тумор на мозокот во 1958 година.
Друг еден од синовите на патријархот, Џорџ Гети, почина на 48-годишна возраст во 1973 година, во што се претпоставуваше самоубиство, иако точните околности сè уште остануваат нејасни.
Талита Пол, холандска актерка која се омажи за синот на нафтениот барон, Пол Гети јуниор, почина од предозирање со хероин во 1971 година.
Нивниот син Пол Гети Трети имал само 16 години кога бил киднапиран во Рим во 1973 година од банда ситни криминалци кои му го отсекле увото за да покажат дека се подготвени да го убијат доколку не се плати откуп.
Џ. Пол Гети првично одби да плати откуп, плашејќи се дека тоа ќе го отвори патот за киднапирање на други внуци.
„Имам 14 внуци и ако платам еден денар откуп, ќе имам 14 киднапирани внуци“, рече тој.
На крајот, нафтениот барон попушти и исплати нешто помалку од 3 милиони долари.
По ослободувањето, Пол Гети Трети станал наркоман и доживеал мозочен удар во неговите 20-ти години што го остави слеп и затворен во инвалидска количка. Тој почина на 54-годишна возраст во февруари 2011 година.