Уште една дојава за поставени бомби во 13 училишта во Скопје

Попладнево, дојави за бомби стигнаа во некои училишта во Скопје. По пауза од три дена, дојава за бомба има во „Орце Николов“ и во „Владо Тасевски“. Веројатно и во другите средни училишта имаат примено вакви дојави, ако се знае дека последниот пат дојави имаше за 14 средни и две основни.
Полицијата е на терен, ги евакуира учениците и вработените, а ги проверува објектите.
– Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – соопштија од полицијата.