Уште една диверзија во пруга во руската област Бријанск близу границата со Украина


 

Во руската област Бријанск близу границата со Украина неидентификувани лица ја кренале во воздух железничката пруга, објави каналот 112 на Телеграм. Како резултат на тоа, дваесет вагони на товарен воз излетале од шините.

Подоцна, Руските железници потврдија дека вагоните излетале од шините. Според претставник на компанијата, тоа се случило како резултат на „незаконско мешање на неовластени лица во работата на железничкиот транспорт“. Според првичните информации, нема жртви.

Инцидентот се случил во 19, по локално време. Движењето на возовите на локацијата е прекинато.

Што точно е превезено со возот официјално не се соопштува.

Според телеграмските канали блиски до безбедносните сили, се слушнале три експлозии. Композицијата на возот имала 70 вагони. Од превртените вагони се излеале сулфур и шалитра, пишува База. Според каналот, вработени во Министерството за вонредни состојби ги ладат паднатите вагоните и истурените материи.

Еден ден претходно, поради поткопување на железничката пруга, воз излета од шините исто во регионот Бријанск. Тоа бил воз со 60 вагони натоварени со нафтени деривати и граѓа. Се превртеа 7 вагони. Двајца мажи се фатени на камерите за видео надзор, по нив се трага под сомнение дека извршиле саботажа.