Уште еден земјотрес во Леринско

Уште еден посилен земјотрес се случи попладнево во подрачјето на Лерин, Грција, а се почувствува во делови од Македонија.
Земјотресот, според ЕМСЦ, е регистриран во 16.13 часот, на 8 км од Лерин, а бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Овој земјотрес е многу плиток, односно само на 1 километар под површината на земјата.
Пред два дена, земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер, беше почуваствуван на истото подрачје, а се осети и во Скопје.
Следуваа три помали земјотреси во истото подрачје со јачина од 3,5 потоа 4,2 и 3,1 степен според Рихтер, а од тогаш се регистрирани уште стотина помали земјотреси.