Уште еден земјотрес во близина на Петриња во Хрватска


Околу 18.46 часот, сеизмографите од Сеизмолошката служба забележаа послаб потрес со епицентар на 7 километри јужно од Петриња во Хрватска.

Магнитудата на земјотресот изнесува 2,6 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е III степени според ЕМС, јави Сеизмолошката служба.

На ова подрачје веќе речиси една година се јавуваат повремени земјотреси, по првиот силен земјотрес, во кој загина една девојка.