Уште еден земјотрес од 4,9 степени кај Гостивар
Вечерва, во 22.17 часот, во близина на Гостивар беше забележан уште еден земјотрес, посилен од првиот што се случи пред час и половина.
Овој земјотрес е со јачина од 4,9 степени, а беше почувствуван и во главниот град Скопје.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 17 километри југозападно од Гостивар, на длабочина од 2 километри.
Според сведоштва на граѓани во Маврови Анови земјотресот се почувствувал многу силно, а многумина излегле надвор.