Уште еден земјотрес на Маврово точно на пладне


Сеизмолошките опсерватории, денеска точно на пладне кај Маврово регистрирале нов земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Ова е втор регистриран земјотрес, по утринскиот кој беше почувствуван низ цела држава.

Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ утринскиот земјотрес бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот кој се случил во 4 часот и 54 минути бил почувствуван на цела територија на Северна Македонија, а епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.