Уште еден случај со мигранти во камион-ладилник: Имало и деца


Осум мигранти, од кои четири деца, најдени се во камион-ладилник во францускиот пристанишен град Кале, а двајцата романски возачи се уапсени.
Четворица мажи и четири жени од Авганистан се најдени за време на контрола на камионот во пристаништето пред камионот да се качи на траект за Велика Британија, пренесе Би-би-си.
Како што се наведува, тие биле скриени под двојно дно на камионот тежок 3,5 тони, а на полицијата ѝ било сомнително што во него нема стока.
Во тој дел од камионот температурата била седум степени, а измрзнатите мигранти се одведени во болница, по што се притворени.
За сега се притворени и двајцата возачи од Романија.