Уште еден скандал на ЗОИ: Работник излезе на патека пред скијачка (Видео)


Кинезите се познати како добри организатори на големи спортски натпреварувања, но кога станува збор за трката во слалом во алпско скијање, дојде до голем пропуст.

Имено, бугарската скијачка Ена Вукадинова доживеа во текот на трката на Олимписките игри работник да ѝ излезе на патеката и потполно ја наруши нејзината концентрација.

Пораде неговата појава меѓу капиите, таа не успеа да ја заврши трката.

Подоцна доби прилика да го повтори возењето, но вели дека не е исто.

„Не можам да опишам како се чувствував по таа прва трка. Помислив: Зошто јас?’, пишува таа на социјалните мрежи.