Уште еден посилен земјотрес со интензитет 4,9 според Рихтер во Мавровско


Уште еден посилен земјотрес ја стресе Македонија во 15 часот и 25 минути. За разлика од претходните кои беа со послаб интензитет од 3,6 и 3,8 степени според Рихтер последниов наликуваше на оној од утринава и беше со посилен интензитет од 4,9 степени според Ррихтер.

Земјотресот повторно беше со епицентар во Мавровскиот регион, на 20 километри од Гостивар, и на длабочина од 70 километри. Последниот земјотрес беше почувствуван на повеќе места во државава како и во Скопје. Се претпоставува дека сите овие земјотреси се автершок на утринскиот земјотрес со јачина од 5 степени.

За сега не се пријавени штети.