Уште еден нон-пејпер за Западен Балкан, овој пат од пет земји на ЕУ


Дали политиката на ЕУ кон Западен Балкан почна да се води од нон-пејпери? Три, четири, пет досега – некои од непознати автори (како оние за промена на границата), некои сп адреса, како оној на Загреб и Жозеп Борел, а на нив имсе придодаде уште еден, на пет земји членки на ЕУ.

Според пишувањето на регионалните медиуми четирите земји на Вишеградската група + Австрија го испратиле овој документ до раководството на ЕУ, Европската комисија и еврокомесарот за проширување и во него бараат поголема поддршка на Унијата за Западен Балкан

Повикувајќи се на дипломатски извори, сараевскиот портал „Кликс“ објави дека министрите за надворешни работи на Чешка, Полска, Словачка, Унгарија и Австрија бараат од членките и граѓаните на Западен Балкан да се вклучат во официјални разговори за иднината на Европската унија. Тие велат дека и граѓаните на овие земји имаат право и треба да имаат можност да ги искажат своите ставови за иднината на Европската унија, бидејќи аспирираат за членство.

Информацијата ја потврдила министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, велејќи дека е запознаена со содржината што ја смета за исклучително важна и дека треба да се поздрави, затоа што ЕУ не е комплетна без стабилен и европски Западен Балкан.