Уште еден кит виден во река во Франција


Кит долг 10 метри е виден во реката Сена во Франција, близу Ла Манш, само еден месец откако смртно заболен кит-убиец угина во истата река. Се верува дека се работи за видот „минки“, соопштија тамошните власти.

Делфин Елои, раководителка на Институтот за истражување на цицачите, смета дека „ова е без преседан“, откако нејзиниот тим ги потврди наводите дека животното се движи во областа на слатководна вода кај градот Ле Авр. Таа додаде дека овие китови не се необична глетка на Ла Манш, но ова е првпат овој вид да биде виден во реката Сена. Китот првпат бил забележан од морнари вчера, потврдија локаните власти, додавајќи дека веднаш била организирана итна средба со стручњаците.

Се чини дека ова животно е во добра здравствена состојба

Еден месец претходно, четири метри долг мажјак кит-убиец беше виден неколку десетици миљи подалеку, што беше прв регистриран случај од ваков вид. Животното угинало откако се обиделе да го вратат во Ла Манш.

– Мораме да се погрижиме тоа да не се повтори!, рече Елои.

Како што се наведува, институциите и Владата го надгледуваат цицачот, кој сѐ уште е релативно блиску до морето.