Уште еден епски меч на Мареј – го победи Кокинакис во пет сета во 4 часот наутро
Мечот меѓу Шкотланѓанецот и Австралиецот траеше дури пет часа и 45 минути. Мареј се врати откако губеше 2:0. Двајцата играчи приредија неверојатно шоу на издржливост и вештина
Направен од гранит, но со метал во колкот, Енди Мареј направи уште еден неверојатен настап за да стигне до третото коло на Австралија опен.
35-годишниот Шкотланѓанец го заврши својот втор неделен маратон, и најдолгиот меч во кариерата во однос на физичкиот напор, победувајќи го Танаси Кокинакис со 4-6 6-7 7-6 6-3 7-5 за 5 часа и 45 минути. Меќот заврши утрината по локално време во 4.05 часот.
Двајцара приредија неверојатно шоу, не само на издржливост, туку и на вештина, а потоа се прегрнаа на мрежата.
Танаси Кокинакис почна со водство од два сета во една од најдобрите изведби во својот живот. Со тоа тој ќе беше сигурен против повеќето други играчи во светот. Но, речиси никој не се бори како Енди Мареј кога е во неволја. Тој бесно бара решенија, се бори со сѐшто има во текот на неговата кариера и многу често наоѓаше начин да го помине. До денеска тој десет пати се враќаше по водство на противникот од 2:0 за на крајот да победи. Ова беше единаесеттиот пат.
Ова беше најдолг меч во 18-годишната кариера на Мареј. Наградата е враќање во третото коло на Австралија опен за прв пат по пет години.
Преполната публика во Арената „Маргарет Корт“ го следеше пристигнувањето на играчите во 22.10 часот со гласни, непрестајни извици „ајде Кок“ а за возврат добија ривалство на двајцата играчи.
Кокинакис сервираше за меч при резултат 5-3 во третиот сет, но Мареј се врати и го доби тај-брекот. Со моментумот како ветер, Мареј продолжи да се движи, добивајќи го четвртиот сет за да го израмни мечот. Видливиот, зголемен замор на Мареј не го спречи да ја брка секоја последна топка и да игра храбро под притисок. При 5-5 во петтиот сет, неговата храброст беше наградена бидејќи постигна форхенд винер и го обезбеди одлучувачкиот брејк. Неколку минути подоцна, Мареј испрати бекхенд блиску до основната линија за да го затвори едно од најголемите враќања во неговата кариера.
Два дена претходно, Мареј веќе постигна неверојатно достигнување и го порази Матео Беретини, 13-тиот носител, во пет сета. Настапот на Мареј на Арената „Род Лејвер“а покажа дека тој сè уште може да игра тенис на највисоко ниво во еден натпревар, но како што се враќаше во Мелбурн Парк, останува да се види дали, со неговата возраст и неговата физичка состојба, има можност за доволно да се опорави и уште еднаш да настапи на врвно ниво.

Неодамнешната историја сугерира дека тоа не е случај. Во 2020 година, по битката во пет сета со Јошихито Нишиока на УС Опен, Мареј беше исфрлен од Феликс Ожер-Алијасим во второто коло. Минатата година во Мелбурн, Мареј го победи во пет сета Николоз Басилашвили, 21-от носител, но потоа беше демонтиран со 3:0 од светскиот број 120 Таро Даниел, што е најлошиот гренд слем пораз во неговата кариера. Сега во двата меча помина 10 часа и 34 минути на теренот.
Пред четири години, Мареј го изгуби мечот од првата рунда во 2019 година во пет сета против Роберто Баутиста Агут, верувајќи дека тоа може да го означи крајот на неговата кариера додека се бореше да најде решение за неговата хронична повреда на колкот. Во сабота тие двајца ќе се сретнат повторно за место во четвртото коло.