Уште еден доктор почина од корона, имаше само 41 година


Пренесувајќи ја пораката за сочуство до фамилијата, весникот „Лајм“ информира дека уште еден македонски доктор ја загубил битката со корона вирусот.

На 41-годишна возраст како последица на Ковид-19 почина д-р Дашмир Дервиши од село Боговиње.

Неговите блиски колеги и пријатели веќе почнаа да објавуваат емотивни посвети на „Фејсбук“ .

Градоначалникот на Богивиње, Албон Џемаили на својата Фејсбук страница исто така објави за смртта на сограѓанинот.

– Многу ми е жал што пишувам за веста што сите ги слушнавме, за смртта на докторот Дашмир Дервиши, кој исто така беше мој сограѓанин. Се чувствувам многу тажно од оваа вест. Преку оваа порака им го пренесувам моето искрено сочувство на семејството и роднините на нашиот пријател Дашмир Дервиши. Неговата почива во мир, истакна Џемаили.