Уште е активен пожарот во Визбегово – пожарникарите на терен
Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.
„Градот Скопје нема да дозволи неодговорното однесување и создавањето диви депонии да го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина“, порачаа од Град Скопје.