Уште две жртви на забава за Ноќ на вештерките во Јута


Две лица се убиени на една забава организирана по повод Ноќ на вештерките во градот Рузвелт во американската држава Јута, соопштија локалните власти, кои злосторството го сметаат за двојно убиство.

Претходно е соопштено дека бил извршен напад и на забава за Ноќ на Вештерките во Калифорнија, каде што се убиени најмалку четири лица, а други четворица се повредени.

Од канцеларијата на шерифот на округот Дошејн се наведува дека надлежните органи рано изутринава пронашле две машки тела во една куќа во близина на Рузвелт. Идентитетот на жртвите не е соопштен и не е познато како починале, ниту која е причината за убиството.