Уште две изведби на „Жизел“ во НОБ- голем интерес за врвниот класичен балет


По изведбата в сабота (4 декември) во 20 часот во Националната опера и балет, и во вторник ( 7 декември, 20 часот), поради голем интерес ќе се изведе новата балетска продукција на романтичниот балет во два чина „Жизел“, премиерно одржанa на 30 октомври 2021.

Од неговата праизведба во Париз 1841 па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставата е  Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.  

Во главните улоги настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија).

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.