Уште два земјотреса во Хрватска
Нови потреси во околината на Петриње, хрватскиот град кој пред крајот на минатата година беше погоден од разорен земјотрес.
Сеизмолошката служба рано изутрина регистрираше два потреси со магнитуда од 3,6 и 3,3 степени по Рихтер.
Првиот потрес со магнитуда од 3,7 степени по Рихтеровата скала се случил во 4:55 часот.
Вториот, послаб потрес, со магнитуда од 3,3 степени по Рихтер, се случил во 5:19 часот, соти во извештајот од сеизмолошката служба, пренесе „Хина“.
Земјотресите биле почуствувани и во Загреб. Подрачјето на централна Хрватска не престанува да се тресе од разрниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер кој се случи на 29 декември минатата година.