Уште два дена врнежи, од недела потопло

Утре и во сабота ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови, информираат од Управата за хидро-метеоролошки работи.

Од УХМР најавуваат дека во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.