Уште два американски ловци Ф-16 пристигаат во Бугарија
Софија – Командантот на бугарските воздухопловни сили, генерал-мајор Николај Русев, денес изјави дека уште два американски ловци Ф-16 ќе пристигнат во Бугарија.
„Моментално имаме четири авиони, а во наредните денови очекуваме пристигнување на петтиот и шестиот авион“, рече Русев, според бугарскиот портал Новините.
Тој рече дека Бугарија нема доволно обучени пилоти за шест американски ловци и дека, додека не заврши нивната обука, воздушниот простор на земјата ќе го чуваат авиони МИГ-26.
„Почнавме да примаме авиони Ф-16, а во моментов го чуваме нашиот воздушен простор со МИГ-29“, рече Русев.