Уште 58 инфицирани со корона вирус во Црна Гора


 

Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора анализирале 468 примероци од кои 58 се позитивни, пренесоа црногорските медиуми.

од почетокот на јуни вкупниот број регистрирани случаи е 753 со 10 потврдени смртни случаи и 10 оздравени.

„Во Црна Гора имаме сериозна ситуација, со сериозен број заболени“, изјави директорот на Институтот за јавно здравје и член на Националното координативно тело, Бобан Мугоша.

Тој истакна дека ваква ситуација е очекувана, по епидемиолошкото „затишје“.