Уште 56 починати од Ковид-19 во Босна и Херцеговина


 

Во изминатите 24 часа во босна и Херцеговина тестирани се 4.082 примероци, а позитивни на Ковид-19 биле 1.237. Починаа 56 пациенти.

Во Федерацијата има тестирано 2.965 примероци, од кои 805 позитивни на корона вирус. А пријавени се нови 28 починати, со што вкупниот број жртви од Ковид-19 се искачи на 1.323.

Досега се тестирани 258.173, корона вирусот е утврден кај 49.627 луѓе. Оздравеа 30.097 пациенти, а активни се 18.207 случаи.

Во Република Српска пак, тестирани се 984 примероци, а позитивни биле 374.Пријавени се и 25 починати, или вкупно 827.
Досега тестирани се 124.909, а позитивни биле 26.941 случаи. Оздравеа 12.306 пациенти.

Во Брчко се регистрирани 58 новозаразени од 133 тестирани.

Починале тројца пациенти.