Урсула фон дер Лејен за обединета и силна Европа


Новоизбраната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, по гласањето во Европскиот парламент, вети обединета и силна Европа.

– Довербата што ми ја укажавте е доверба во обединета и силна Европа, од исток до запад, од југ до север, изјави германската конзервативка.

Таа истакна дека презела голема одговорност и оти веднаш ќе почне да работи.

– Ајде да работиме заедно и конструктивно за да создадеме обединета и силна Европа, порача фон дер Лејен, која должноста ќе ја преземе во ноември.