Урсула фон дер Лајен во вторник, Вархеји в среда во Скопје


 Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе допатува за Скопје, еден ден по посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Информацијата ја потврдија службите на Европската Комисија.

Програмата на посетата сѐ уште се финализира, но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, таа исто така ќе разговара за спорот со Бугарија и негово надминување.