Урсула фон дер Лајен се кандидирала за шеф на НАТО


 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се пријавила за нов шеф на НАТО, објави британскиот весник „Сан“, повикувајќи се на дипломатски извор.

Неколку земји-членки на НАТО предложија Фон дер Лајен да го преземе раководството на Алијансата во октомври оваа година. Тогаш, според планот, треба да му заврши мандатот на актуелниот генерален секретар Јенс Столтенберг. Неговиот мандат беше продолжен три пати и траеше вкупно речиси 9 години.

„Сан“, повикувајќи се на британски извори, истакна дека Велика Британија најверојатно ќе стави вето на кандидатурата на Фон дер Лајен поради нејзиното незавидно искуство во управувањето со германските вооружени сили додека таа беше министерка за одбрана, наведува Ројтерс.

Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ неодамна објави дека шпанскиот премиер Педро Санчез и британскиот секретар за одбрана Бен Валас се меѓу водечките кандидати за наследник на Столтенберг.