Уредбата за платежните картички ќе се донесе денес или утре

Најдоцна до петок, пред завршување на вонредната состојба в сабота, ќе бидат донесени сите уредби од третиот пакет антикризни мерки. Нивното изготвување е при крај, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши рече дека во почетокот на наредната недела сите граѓани ќе бидат информирани како ќе добиваат државна помош.

-Во текот на денов или најдоцна утре ќе се донесе уредбата за платежните картички, а се подготвува и уредбата за издавањето на ваучерите која до крајот на неделата, најдоцна во почеток на идната, ќе биде предложиме и до Владата. Подготвени сме да ги донесеме пред завршување на вонредната состојба во сабота, најкасно до петок, имајќи предвид дека институциите беа експедитивни, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која информира дека се одземени концесии за минерални суровини во струшкото село Лабуништа.