Ураганот Сали ги поплави Флорида и Алабама


Ураганот Сали, што вчера го погоди брегот на Алабама во Мексиканскиот залив како ураган од втора категорија, донесе големи поплави со силни ветришта.

На границата на Флорида и Алабама во четири часа падна дожд колку за четири месеци, а ветровите дуваа со брзина од 165 километри на час.

Едно лице загина, а едно се смета за исчезнато, додека стотици се спасени од невремето.

Најмалку 500.000 семејства останаа без електрична енергија.

Надлежните ширум југот на земјата ги повикаа жителите на пониските подрачја да се засолнат од ветровите и дождот. Но, на некои се потсетија на минатата бура од детството кога од прва рака сведочеа на можта на природата.

Томас Хармс ги набљудуваше брановите кои удираа во општинското пристаниште и се присети на минатите бури. Како дете одел да ги пречекува бурите, а сега тоа го направи со својот син.

„Тоа на некој начин го отстранува стравот и помага да ја разберете опасноста. Тоа го пренесував на мојот син правејќи го истото што некогаш јас го правев“, рече Хармс. Другите ми се придружија на пристаништето и следеа како бурата доаѓа.

Во округот Ескамбија, кој ја вклучува Пенсакола, најмалку 377 луѓе се спасени од поплавените населби/

Се очекува штетата да достигне меѓу две и три милијарди долари, вели Чак Вотсон од центарот Енки рисрч, кој ги следи тропските бири и предвидува трошоци од нивните штети.