Ураганот Кирк денеска ќе зафати и дел од Балканот: Хаос во Шпанија и Португалија


Дел од Балканот, поточно Бугарија, денеска ќе биде зафатен од ураганот Кирк, кој вчера предизвика хаос во Европа.

Ураганот Кирк вчера погоди делови од Португалија, Шпанија и Франција, при што загина едно лице.

Во Португалија вчера беа забележани удари на ветер од 225 километри на час, а во некои делови беше толку силен што дури и преврте чамци.

Бугарскиот климатолог Симеон Матев изјави дека опашката на овој ураган подоцна денеска ќе зафати делови од земјата.

Нема да предизвика големи штети, но се очекува да има врнежи кои попладне ќе зафатат делови од земјава. Со оглед на тоа дека се работи за опашката на ураганот, која значително ослабна откако погоди делови од Шведска, не се очекува да предизвика големи штети.

Матев вели дека ураганот Кирк е со помал интензитет од Милтон кој ја погоди Флорида и дека зафаќа помала површина и испушта помалку енергија.

„Кога се во прашање ураганите, факторот изненадување е секогаш присутен, тие никогаш не ги следат предвидените патеки“, објасни климатологот.