Ураганот Делта усмрти најмалку 27 луѓе во Луизијана


Најмалку 27 луѓе загинаа откако ураганот Делта го погоди брегоит на американската сојузна држава Луизијана.

Ураганот американскиот брег во Мексикански Залив го зафати само 15 километри од местото каде минатиот месец го погоди ураганот Лора.

Американскиот Национален центар за урагани со седиште во Мајами соопшти дека ураганот Делта слабее и се движи кон сојузните држави Мисисипи и Тенеси.

Во Луизијана и во соседната држава Тексас околу 600.000 домови и деловни објекти останаа без електрична енергија, а во Мисиспи – 40.000.

Ураганот Делта предизвика дополнителна материјална штета во областите кои се уште се санираат од ураганот Лора