Управител на автошкола затајувал данок и стекнал имотна корист од 10 илјади евра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.Ф.(57) од Кичево и ДАШТУ „Тимони АБЦ“ ДООЕЛ Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Како што соопшти МВР, на 9 ноември минатата година во Кичево, полициски службеници и вработени во Управата за јавни приходи, при контрола во просториите на второпријавеното правно лице, утврдиле дека првопријавениот, како управител, во даночните пријави за 2017 и периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 прикажал данок на додадена вредност во износ намален за 343.066 денари и персонален данок на доход во износ намален за 277.331 денари.

„Со ова, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист 620.397 денари на штета на Буџетот на Р.С.Македонија“, соопштуваат од МВР.