Управата за финансиска полиција во координација со МВР спроведува акција во село Луботен


Фото: Независен весник
Поради постоење на основа на сомнение за сторени кривични дела криумчарење со акцизна стока и царинска измама, Управата за финансиска полиција во координација со Министреството за vнатрешни работи спроведува акција за проверки на истото, пренесува Алсат М.
– Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални инфомации.
Очекуваме и бараме соработка и разбирање од граѓаните во реоните каде што се спроведуваат активностите, сѐ во интерес на расчистување на случајот.
Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од пореземените мерки и активности, велат од полицијата.