УПОЗ: Министерството за финансии бара писар за 14.909 денари плата, а минималната е 18.000


Како што најавија од Синдикатот на УПОЗ на 7 и 8 април од 10 до 12 часот се организира предупредувачки штрајк, во сите институции кадешто има синдикални организации.

– Се надеввавме дека Владата ќе има барем малку чувство и ќе направат напори да разговараме и да најдеме начин за решавање на нашите барања, но изгледа дека Владата не е заинтересирана за преговори со нас. Речиси во сите институции, управата и правосудството, на вработените не им се изплаќа минимална плата. Досега над 95 отсто од институциите продолжуваат со исплата на минимална плата под минимална плата. Останатите 5 отсто, дел не знаат што да прават па не ни ја спремаат платата, а оние кои се потрудиле да исплатат минимална плата, направиле катастрофални грешки – рече претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Тој смета дека повторно само вработените во управата и праводуството се единствените кои земаат плата под минималната, што предизвикува незадоволство кај вработените.

Доколку барањата не се остварат, односно доколку не почне да им се исплаќа минимална плата на вработерните повикаа штрајкот да продолжи и наредните денови.

Прашуваат зошто власта самата не си ги почитуваат законите кои ги носи, а како пример истакна дека Министерството за финансии на 23 март објавува оглас за референет – писар, за кој предвидел плата од 14.909 денари.