„Упорност“ на Марс сними затемнување на Сонцето


Хјустон – Луѓе од целиот свет имаа можност да уживаат во спектаклот на минатонеделното целосно затемнување на Сонцето, но роверот „Упорност“ (Perseverance) на Марс имаше сличен поглед.

Затемнувањата не се уникатни само за Земјата. Теоретски, секоја планета со барем една месечина што кружи околу неа може да има такви појави. Така, ден откако Земјаните на 13 август ја гледаа Месечината како го покрива нашето Сонце, роверот на НАСА на „Црвената Планета“ ја насочи својата камера за да набљудува тамошното делумно затемнување на Сонцето. Гледајќи кон небото со својата лева камера „Масткам-Зед“ (Mastcam-Z), „Упорност“ сними како Фобос – една од двете месечини на Марс, минува преку Сонцето на марсовото небо.

Фобос, инаку, е поголема од Дејмос – а тоа се двете месечини на соседната нам планета.

Досега, луѓето ги искусиле гледиштата од Земјата, нејзината орбита и Месечината, но сè уште не сме ја достигнале површината на Марс. Сепак, роботските истражувачи како „Упорност“ му овозможуваат на човештвото „да патува“ и онаму каде што, физички, сѐ уште, не може. Вселенските летала и ровери нè однесоа во меѓуѕвездениот простор и низ целиот наш Сончев Систем. Од прстените на Сатурн до далечната, ледена околина на Нептун, роботските сонди му овозможија на човештвото да го прошири својот дострел длабоко низ вселената.

Благодарение на „Упорност“ и неговите две камери сместени на неговиот јарбол, луѓето може да погледнат директно до површината на Марс, па така и да го видат „вонземско“ затемнување на Сонцето.