УНРВА бара 104 милиони долари итна помош за Газа


 Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци УНРВА (UNRWA) побара итна помош од 104 милиони американски долари за Газа, која е под силен израелски напад по нападите на Хамас во саботата.

„УНРВА итно бара 104 милиони американски долари за мултисекторски хуманитарен одговор во следните 90 дена“, објави УНРВА.

Барантите средства се потребни за храна и друга итна помош за 250.000 лица кои се засолниле во засолништата на УНРВА во Појасот Газа и уште 250.000 палестински бегалци во областа.

УНРВА претходно соопшти дека има доволно средства за својата работа во Газа и регионот до крајот на октомври.

Во јануари агенцијата побара 1,6 милијарди долари за својата работа.

Агенцијата обезбедува образование, примарна здравствена заштита и хуманитарна помош во Газа, Западниот Брег, Јордан, Сирија и Либан.