Уништен мурал со ликот на Новак Ѓоковиќ на Косово 


Косово- Непознати сторители синоќа во Ораховац уништиле мурал со ликот на Новак Ѓоковиќ. Бела боја беше фрлена врз лицето на српскиот тенисер кој е прв на АТП-листата по победата на Австралија опен во Мелбурн.

Муралот со ликот на Новак Ѓоковиќ беше насликан во март минатата година, а покрај него на италијански и српски јазик беше напишана порака: „Нема уназад чак ни да би се ухватио залет“.

Сликањето на муралот на Новак Ѓоковиќ во Ораховац беше почеток на проектот „Боја во воздухот“ кој беше инициран од организацијата „Амичи ди Дечани“ во соработка со уметникот Милан Милосављевиќ.