Уницеф: Три милијарди луѓе се без услови каде може да се мијат раце
САД – Речиси три милијарди луѓе или 40 проценти од светската популација немаат услови дома да ја одржуваат основната хигиена на рацете, покажуваат најновите податоци на УНИЦЕФ.
Недостапноста за основната хигиена како миење раце за милиони луѓе ширум светот значи зголемен ризик од нов коронавирус и други заразни болести, предупреди Меѓународниот фонд за деца на ОН.
Според извештајот на УНИЦЕФ, во најмалку развиените земји, речиси три четвртини од населението не може да ги мие рацете дома. Во субсахарска Африка, 63 проценти од луѓето што живеат во урбани средини живеат без основни хигиенски услови на располагање, како место за миење раце.
На глобално ниво, 43 проценти од училиштата на кои има 818 милиони ученици немаат можност да ги мијат рацете со вода и сапун. Во најсиромашните земји, процентот на училишта без место за миење раце се искачува на 70 проценти.