Унгарскиот шеф на дипломатијата Сијарто позитивен на Ковид-19 по посетата на Камбоџа


Петер Сијарто и камбоџанскиот лидер Хун Сен не носеа маски на нивната средба (Фото: АФП)

Министерот за надворешни работи на Унгарија има позитивен тест за Ковид-19 во Тајланд, веднаш откако полета од Пном Пен по состанокот со камбоџанскиот лидер Хун Сен.

Петер Сијарто, кој беше во посета на земјите од Југоисточна Азија, е асимптоматски, но е испратен во Институтот за инфективни болести „Бамраснарадура“ во Тајланд. Тој ќе биде евакуиран со авион подоцна денес, додека остатокот од неговата 12-члена делегација, за кои не е откриено дека се заразени, ќе патува со посебен авион.

Сијајарто (42) пристигна во Тајланд по еднодневната посета на Камбоџа, каде се сретна со премиерот Хун Сен (68), како и со министерот за надворешни работи, Прак Сохон. На фотографиите од нивните состаноци, Сијарто и Хун Сен не носеа маски.

Автократскиот лидер на Камбоџа ја смета Унгарија за сојузник во Европа. За време на посетата, Сијарто отвори сателитска канцеларија на амбасадата на Унгарија во соседен Виетнам и потпиша договори за економска соработка.

Унгарската новинска агенција МТИ објави дека Сијарто имал негативен тест пред да замине минатиот месец за неговата азиска турнеја.

Камбоџа се спаси од најлошата пандемија на коронавирусите, забележувајќи помалку од 300 случаи и без жртви. Унгарија, која пријави повеќе од 2.000 смртни случаи и скоро 91.000 случаи, неодамна објави затворање на барови и ноќен полициски час за да се спречи зголемувањето на инфекциите.