Унгарски новинари покренуваат независен портал со донации од читателите
Два месеца откако на новинарите од унгарскиот портал „Индекс.ху“ поднесоа оставки, тие најавија нов проект по пат на мешовито финансирање.
– Повеќе од 50 поранешни новинари на „Индекс“ набрзо ќе покренат нов портал „Телекс“ благодарение на донациите од над 30.000 читатели… Никој уште не покренал од нула независен портал со толку вработени, потпирајќи се на поддршката од читателите, изјави главната уредничка Вероника Мунк, која 18 години работеше во „Индекс“ до јули, кога заедно со 80 колеги поднесе оставка.
Планирано е „Телекс“ да се финансира преку мешовит модел со делумна претплата со цел да се покријат трошоците во износ од неколку десетици илјади евра. Државата не се рекламира во независните медиуми, а исто така има и мал број приватни огласувачи.
Мунк истакна дека нивниот план е „клучен за слободата на медиумите и медиумскиот плурализам во Унгарија“, бидејќи се намалува бројот на критичките медиуми. Владата контролира поголем број приватни медиуми, а државната радиотелевизија и државната новинска агенција е под контрола на власта.
Меѓународните изборни набљудувачи во 2018 година оценија дека унгарскиот „искривен медиумски простор“ и „ограничениот пристап до информации“ му помогнаа на премиерот Виктор Орбан третпат по ред да ја освои власта.
Во јули десетици новинари, вклучително и уредници, си поднесоа откази од еден од најчитаните портали во Унгарија поради отпуштањето на главниот и одговорен уредник на „Индекс.ху“. Порталот долго време беше мета на унгарскиот премиер Орбан. За него „Индекс“ беше „фабрика за лажни вести“.