Унгарската национална телевизија емитуваше вести по пауза од 44 денови
Будимпешта – Унгарскиот јавен медиумски сервис денеска ги емитуваше првите вести по 44 дена, со што заврши прекинот на програмата нареден во јули од владата на Петер Маѓар, која вети дека ќе ја врати независноста на јавните медиуми.
Главниот јавен телевизиски канал, М1, престана да емитува информативна програма на 7 јули, кога беа започнати реформите, а првите вести оттогаш ги емитуваа утрово во 6:00 часот.
Првите вести на М1, што беа емитувани на националниот празник на Унгарија, Денот на Свети Стефан , на кој се слави основањето на унгарската држава и нејзиниот прв крал, Свети Стефан, започнаа со извештај за инаугурацијата на новиот унгарски претседател, Андраш Бака, поранешен судија на Врховниот суд и критичар на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, што се одржа еден ден претходно