Унгарија: Регистрирани дури 436 мртви од ковид


 

Во изминатите четири дена од ковид починале 436 пациенти, додека во Унгарија се регистрирани 7.989 нови инфекции со корона вирус, соопштија здравствените власти во понеделникот.

Бројот на активни инфекции е намален на 118.633, додека во болниците се лекуваат 4.063 пациенти со ковид, од кои 409 се на респиратори.

Од појавувањето на епидемијата, бројот на смртни случаи се искачи на 38.743 Со 4.026 починати на еден милион жители Унгарија е во светскиот врв на црната статистика.