Унгарија: Откриен вирус на птичји грип на фарма за патки


Унгарската агенција за безбедност на храната Небих соопшти денеска дека открила вирус на птичји грип Х5Н8 на фарма за патки во округот Бач-Кискун.

Агенцијата Небих наведе дека почнала со уништување на 32.000 патки на фармата.

Покрај тоа, воспоставена е заштитна зона во должина од три километри и зона за надзор од десет километри околку локацијата.

Обврската живината да се чува во затворени простории е се уште во сила, нагласи Небих.

Последен пат птичји грип е откриен во Унгарија во јануари оваа година.