Унгарија ја отфрли заедничката изјава на ЕУ за потерницата за Путин


Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто

 

Унгарската влада не сакаше да потпише заедничко соопштение на земјите членки на ЕУ за налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Министерот за надворешни работи Петер Сијарто се изјасни против тоа, соопшти Кабинетот на министри како одговор на истрагажувањето на „Индекс“.

Унгарската влада зазеде став шефот на европската дипломатија Жозеп Борел да се изјасни само во свое име, а не во име на сите земји членки на унијата. Во исто време, Будимпешта не стави вето на резолуцијата за налогот за апсење на Путин, додаваат од кабинетот.

Мате Пацолаја, портпарол на Министерството за надворешни работи на земјата, прецизираше дека државата „ја забележала одлуката на МКС и не сакала да ја коментира на кој било начин“, но не се противи на изјавите на високиот претставник или на која било земја од ЕУ.

Претходно, Блумберг објави дека Унгарија ја блокирала заедничката изјава и затоа Борел ја објави во свое име. „ЕУ ја гледа одлуката на МКС како почеток на процес на одговорност и барајќи одговорност од руските лидери“, рече дипломатот.

На 20 март, министрите за правда на ЕУ се изјаснија за поддршка на истрагата на МКС. Ни на оваа изјава не се потпиша претставникот на Унгарија.

Позицијата на Будимпешта најверојатно ќе биде јавно објавена на состанокот на лидерите на ЕУ како дел од самитот во Брисел на 23 и 24 март. Нацрт-заедничката изјава користи јазик сличен на коментарот на Борел. Сепак, изворите велат дека некои водачи на ЕУ ќе се залагаат за построг став.