Унгарија ги крие локациите каде се наоѓаат заболените од корона вирус


Унгарските власти одбиваат да даваат јавни информации за градовите или регионите каде се регистрирани новите случаи на Ковид-19, со што е тешко да се знае каде во Унгарија се шири болеста.

Властите во моментов откриваат само број на нови случаи и националност на лица кои неодамна биле тестирани позитивно за вирусот.

Од вторникот бројот на случаи на корона вирус во земјата се зголеми за 11 нови регистрирани инфекции и сега изнесува 50.

Минатиот четврток (13 март) беше последен пат кога унгарските власти ја делеа возраста на дијагностицираните и детали каде се хоспитализирани новите пациенти.

Унгарија е една од малкуте земји каде регионалната распределба на случаи не е достапна.

„Знаеме каде се инфекциите и ги испитуваме“, им изјави шефицата на медицинските службеници на Унгарија, Сесилија Милер, на новинарите на дневната прес-конференција во вторникот (17 март), додавајќи дека по анализата, ќе бидат достапни и анонимизираните податоци.

Под притисок на новинарите за тоа зошто не бидат објавени барем регионите на новите инфекции или возраста на оние кои се разболеле за да се смири јавноста, Милер рече: „Не сакаме да алармираме, туку спречуваме“. (Еурактив)